На почетокот на идниот месец, поточно на 5 ноември премиерно ќе биде изведена претставата “Ни ваму, ни таму”, заеднички проект на актерот Мони Дамевски и Љупчо Тодоровски- Упа, која ќе биде дел од редовниот репертоар на Народниот театар од Охрид.
Втората најавена премиера ќе биде наменета за најмладите. Станува збор за детската балетска претстава “Палешка”, за која Центарот за култура има добиено парични средства од министерството за култура и се јавува како продуцент на претставата, која ќе биде во изведба на балетското студио “Визави” кое функционира во рамки на центарот. Премиерната изведба на балетската престава е најавена на 18 ноември.