Од есен учениците во основно и срдно образование ќе учат од бесплатни учебници. Нив ги обезбеди Министерството за образование и наука,а ќе бидат дистрибуирани  до училиштата до почетокот на учебната 2009-2010 година.

Бесплатните учебници  до четврто одделение ќе се користат две години, а од петто до четврта година средно од исти учебници ќе учат три генерации. Бесплатна ќе биде и целата задолжителна литература. Учениците ќе бидат задолжени да се грижат за литературата, а оштетените книги ќе се плаќаат.

За проектот бесплатни учебници Министерството за образовани и наука ќе издвои околу 1 милијарда денари.

Ohridnews