Во новиот оддел на општата болница во Охрид, на гинеколошкото одделение, викендов, спонтано се роди првото дете со карлична презентација, тешко 3480гр.. Породувањето, прво од ваков вид по подолг период во општата болница, успешно го изврши гинекологот Д-р Охридија Филева.

Новороденчето е добро, како и неговата мајка, која вели дека породувањето и минало без болки, благодарение на добрата лекарска грижа.

„Мислев дека одам во операциона сала, а јас само со еден напон спонтано го породив моето бебе, во родилна сала. Ова ми беше најлесното породување до сега иако мојата ќерка овој пат на свет доаѓаше со газе, а не како другите две, со глава. Голема благодарност до Д-р Филева која направи  ова породување ми остане во убави спомени како што всушност треба да биде.“-вели мајката на бебето породено со карлична презентација.

Карлична презентација претставува кога карлицата на бебето, односно бебешкото газе или неговите нозе, ќе се спуштат најдолу во матката, односно во мајчината карлица. Тоа значи дека најнискиот дел на бебето во матката не е главата, и затоа оваа појава се вбројува во малпрезентација, неправилна поставеност на бебето.

OhridNews