Македонската кошаркарска репрезентација попладнево од 17 часот во Њукасл против директниот противник Велика Британија ќе го одигра натпреварот од третото коло за квалификациите во европското првенство, кое во 2011-та година се игра во Литванија.


Натпреварот против директниот противник треба да го даде патоказот каде ќе патува “црвено – жолтата“ чета на Докузовски во овие квалификации. По одиграните две кола јасно е дека Македонија, В. Британија и БиХ се селекциите кои ќе го водат главниот збор во групата.

Според очекувањата селекторот Марин Докузовски за овој натпревар ќе го одмори Маркиз Грин, додека од почетокот се очекува да настапи Бо Мек Кејлеб.

Ohridnews