Поради најавата на високи температури во наредните денови Црвен крст Охрид во соработка со “ИЛИНА” на 4 пункта низ градот, додека траат екстремните горештини,  ќе дели вода на минувачите, а медицински екипи ќе вршат мерење на крвен притисок и ќе интервенираат доколку за тоа има потреба.

Акцијата ќе се одвива на следните пунктови: – Чинар – Автобуска станица – Макси Д-Минимаркет – Тинекс

Препорачуваме, граѓаните без неопходна потреба да не излегуваат на сонце, а доколку тоа го прават, да се заштитат со тенка светла облека, капа, заштитна крема. Препорачливо е користење на што повеќе течности, негазирани, велат од Црвениот крст.

Метеоролозите најавуваат дека од денеска Македонија ќе биде под влијание на топла воздушна маса од медитеранот. Максималните дневни температури во наредните три дена ќе достигнат 40 степени Целзиусови, а екстремно висок ќе биде и УВ индексот – 9.

Ohridnews