Полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Охрид во соработка со младинската организација од ОЕМУЦ „Св Наум Охридски“ во Охрид реализираа едукативна работилница посветена на проблематиката со злоупотреба на дроги.

Притоа, полициските службеници презентираа низа информации, но и практични сознанија од полициското работење околу зависностите од дрога, за последиците од употребата на дрогите и психотропните супстанци, како и околу казнените одредби што го опфаќаат недозволеното користење и тргување со дроги, информираат од МВР.

Особено беа истакнати штетните и опасни последици што дрогата ги предизвикува кај младата популација и начините за превенција и сузбивање на таквите појави, додаваат во соопштението.

OhridNews