
На првиот работен ден на конференцијата, свои обраќања ќе имаат директорот на Македонска Берза Иван Штериев, вицегувернерот на Народна банка Димитар Богов, кој ќе се осврне на политиките на НБРМ – ценовната и финансиската стабилност како неопходни предуслови за силен економски раст, како и повеќе високи гости и финансиски експерти од земјава и светот.
На вториот ден од конференцијата, ќе биде доделено „Кристално ѕвоно“ – награда за најтранспарентно котирано акционерско друштво за 2010 година, како и наградата за најдобар истражувачки труд од областа на пазарот на хартии од вредност во Република Македонија.
OhridNews











