Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 1.108 тестови, а регистрирани се нови 491 случај со КОВИД-19, тројца починати (по еден од Охрид (75г), Струга (56г) и Велес (78г)) и 595 оздравени пациенти.

Согласно, регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин се регистрирани пет починати лица, две починати лица од Куманово (75г и 87г) и по едно починато лице од Скопје (67г), Гевгелија (84г) и Кавадарци (84г). Три лица се починати во болнички услови, две во домашни услови. Лицата се пријавени за починати во период од 05.08. до 13. 08.2022 година, соопшти Министерството за здравство.

Од 491 новозаболен од Скопје се 203, Битола 38, Куманово 31, Прилеп и Охрид по 24, Кавадарци 22, Тетово 21, Струмица 17, Неготино 16, Кочани 12, Делчево 11, Гостивар и Штип по 10, Гевгелија 9, Крива Паланка 6, Велес, Струга, Берово и Дебар по 5, Свети Николе 4, Виница и Богданци по 3, Пехчево 2 и Кичево, Радовиш, Пробиштип, Македонски Брод и Демир Ктија по 1.

Од вкупниот број на позитивни (491), регистрирани се 139 реинфекции.

Регистрирани сe 595 оздравени пациенти од: Скопје 231, Охрид 74, Куманово 32, Битола 28, Струга 27, Кавадарци 26, Струмица 21, Прилеп 18, Гостивар и Штип по 17, Кочани 16, Тетово и Велес по 12, Неготино и Дебар по 9, Гевгелија 8, Свети Николе и Радовиш по 6, Ресен и Кратово по 5, Берово и Кичево по 4 и Делчево, Виница, Богданци, Пехчево, Пробиштип, Демир Капија, Валандово и Македонска Каменица по 1.

OhridNews