Во последните 24 часа се направени 1419 тестирања, а регистрирани се 166 нови случаи на ковид-19, од кои 3 во Охрид и 7 во Струга. Во Скопје има најмногу нови случаи – 47, по што следат Штип со 23, Куманово 17, Тетово 12 и Македонски Брод со 10 случаи.

Починати се 4 лица, пациент од Скопје, пациент од Кичево, пациент од Штип и пациент од Битола. Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 185 оздравени пациенти.

Досега во земјата се направени вкупно 105357 тестирања на ковид -19. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 11054, бројката на оздравени пациенти е 6882, на починати е 497, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3675.

OhridNews