Во последните 24 часа се направени 1733 тестирања, а регистрирани се 159 нови случаи на ковид-19, од кои 4 во Охрид и 15 во Струга. Најмногу случаи има во Скопје 32, потова во Куманово 25 и Гостивар 22.

Починати се 6 лица, четворица пациенти од Скопје на возраст 77, 80, 85 и 86 години, еден пациент од Гостивар на 61 година и еден од Штип на 76 години. Пет од нив се починати во болнички, а еден вон болнички услови.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 75 оздравени пациенти. Досега во земјата се направени вкупно 136.051 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 13458, бројката на оздравени пациенти е 10052, на починати е 563, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2843.

OhridNews