
Во самиот град, 6723 граѓани немаат работа. Но, според податоците на Агенцијата за вработување, бројката на невработени е намалена за околу 1000 лица во однос на минатата година.
Раководителот на Агенцијата за вработување, Јован Баткоски, потенцира дека од 22-ри декември, со измените на Законот за вработување, извршени се измени во делот на евиденцијата на невработените лица. Ќе се врши пререгистраација на невработатени и ќе се водат две евиденции на граѓаните кои бараат работа.
– Се предвидува водење регистар на лица кои активно бараат работа и на лица кои бараат работа, а се корисници на парични средства преку оваа Агенција, истакнува Баткоски.












