Во период од 25 до 31 јули Центарот за јавно здравје Охрид зел материјали (брис грло и нос) за тестирање на присуство на COVID-19 од вкупно 263 лица во општините Охрид, Дебрца, Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа.
Од тестираните лица во овој период лабораториски е дијагностицирано присуство на COVID-19 кај вкупно 80 лица и тоа кај 16 лица од општина Охрид, кај 48 лица од општина Струга и кај 16 лица од општина Дебар.

Активни случаи во Охрид се 84, во Струга 195, а во Дебар 108. Во овој период оздравени се 37 лица од Охрид, 43 лица од Струга и 17 лица од Дебар. Починати се 2 лица од општина Струга. – информира Ценѕтарот за јавно здравје.

Актуелна состојба со Ковид 19 во регионот

Од почетокот на епидемијата до 31 јули лабораториски е дијагностицирано присуство на COVID-19 кај вкупно 916 лица во општините од регионот, од кои кај 272 лица во општина Охрид и Дебрца, 449 лице во општина Струга и Вевчани и 195 лица во општина Дебар и Центар Жупа.

Оздравени пациенти од Охрид се 186, од Струга се 225, а од Дебар и Центар Жупа се 79 пациенти. Во охридско починале 7 пациенти, во струшко 43, а од Дебар и Центар Жупа се починати 5 лица. информира Центарот за јавно здравје Охрид.

Да ги почитуваме мерките за заштита од Ковид 19

Надлежните апелираат на почитување на здравствените мерки за заштита и спречување на ширењето на Ковид 19, со правилна и редовна употреба на заштитна маска, одржување на социјална и физичка дистанца, избегнување на јавни собири и групирања, често миење и дезинфицирање на рацете.

Г.М.