Вкупниот број на заболени од грип од почетокот на 2014 година во Охрид изнесува 105 лица, што во споредба со 2013 кога биле евидентирани 92 лица, има благо зголемување.

Во периодот од 13-ти до 19-ти јануари оваа година, вкупно 68 лица заболени од грип се регистрирани во Охрид, што е за неколку отсто помалку во однос на истиот период лани кога имало 76, информираат од Центарот за јавно здравје Охрид.

Како што информираат од Центарот за јавно здравје Охрид, најголем број случаи се на возраст од 15-64 години.

O.T.