Во рамки на програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во х. „Силекс“ во Охрид во тек е обука посветена на расходните потреби на општините и приходните капацитети.

Целта на обуката е да се зајакнат капацитетите на Министерството за финансии и другите релевантни национални и локални институции за раководење со модел на меѓу-владини трансфери кој го вклучува факторот порамнување. Ова ќе овозможи Министерството за финансии,  Заводот за статистика и другите национални институции да воспостават систем за собирање на податоци како и за соодветни анализи на реформите поврзани со  фискалната децентрализација.

УНДП исто така, утре, организира Форум кој ќе овозможи дискусија базирана на податоци, како и консолидација на студиите за расходните потреби на општините и нивните приходни капацитети.

Двата настани се поддржани од Министерството за финансии.

OhridNews