
Во Македонија во 2007 година беше донесен Закон за волонтерство. со што се наметна поптреба од донесување на стратегија за волонтерството. За да се добие стратегија која ќе соодветсвува на околностите и потребите во Македонија, во понатамошните фази потребно е да се отвори поширок процес на консултации со засегнатите страни. За таа цел, во рамки на Проектот за јакнење на граѓанското општество ќе се организираат осум јавни расправи/работилници низ Македонија на кои се предвидува пошироко вклучување на невладиниот сектор, волонтерите, јавните институции и други заинтересирани страни.
На работилницата во Охрид ќе учествуваат претставници од Министерството за труд и социјална политика, како и претставници од работната група која ќе ја изработува стратегијата за волонтерството.











