Денеска во Охрид се одбележува Меѓународниот ден на младите, во рамки на „Недела на млади 2026“, која од 10 до 14 август ја организира Младински Центар Охрид.

Во рамки на официјалната програма ќе се одржат обраќања по повод Меѓународниот ден на младите, по што ќе следува свечено доделување на наградите за најдобрите идејни архитектонски решенија за Младински Културен Центар Охрид. Ќе биде претставен и самиот конкурс и наградените трудови, а присутните автори ќе имаат можност накратко да ги претстават своите идеи и визии за идниот Младински Културен Центар. Идејните решенија ќе бидат изложени на самиот простор, каде посетителите ќе можат да ги разгледаат, информираат од Младински Центар Охрид.
По официјалниот дел, од 21:00 часот започнува музичката програма со настапи на млади локални изведувачи, од 21:00 часот – МЦО Бенд, 21:30 часот – Броз Бенд, 22:30 часот – Урбан Планет и од 23:30 до 00:30 часот – DJ Leo.
Во текот на целата вечер ќе биде поставен и Youth Info Corner, каде младите ќе можат да се информираат за активностите на Младински Центар Охрид, можностите за волонтирање, младинските програми и начините за активно вклучување во работата на Центарот и заедницата, посочуваат.
Овогодинешното одбележување на Меѓународниот ден на младите се реализира под мотото „Different Contexts, Common Aspirations“, кое ја нагласува различноста на младите и нивните заеднички стремежи и аспирации.
Централната прослава е бесплатна и отворена за сите.
Младински Центар Охрид ги повикува младите, граѓаните, младинските организации, партнерите и сите заинтересирани да се придружат вечерва и заедно да го одбележат Денот на младите со идеи, музика, креативност и дружење.
OhridNews












