Во организација на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, Министерството за внатрешни работи и Факултетот за безбедност од Скопје, денес во Охрид, ќе биде спроведена кампањата „И јас и ти – сите сме пешаци“ насочена кон подобрување на безбедноста на најмасовната и најранливата категорија учесници во сообраќајот – пешаците.
Во кампањата ќе се стави акцент на причините поради кои пешаците страдаат во сообраќајни незгоди, ќе се потсетува на сообраќајните правила и прописи кои се однесуваат на пешаците, а постојано ќе се даваат препораки за однесување и на пешаците и на возачите затоа што безбедноста на пешаците и на возачите е заедничка грижа и треба заедно да придонесеме за поголема безбедност во сообраќајот.

OhridNews












