Наутро студено со слаба магла по одделни котлини, а во текот на денот претежно сончево и релативно топло. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Кон крајот на денот од север облачностa ќе се зголемува.

Во Охрид сончево и релативно топло. Минималната температура до 4, а максималната до 20 степени.

Утре ќе дува засилен северен ветер, особено вдолж Повардарието што ќе предизвика до сабота дневната температура да биде пониска за неколку степени. За време на викендот по котлините ќе има појава на магла, велат од УХМР:

OhridNews