Споменикот на основачот на меѓународниот Црвен Крст, Анри Динан,  денеска ќе биде откриен во Охрид.

Споменикот на Динан е швајцарска донација и ќе биде поставен во дворот на општинаката организација на Црвениот крст на улицата Димитар Влахов.

Иницијативата за подигнување на споменик на основачот на Црвениот крст ја покрена невладината организација “Анри Динан“ од Струга, а идејата ја подржа Советот на општина Охрид.

На свеченоста по повод откривањето на споменикот на основачот на Црвениот крст ќе присуствуваат внуката на Динан, амбасадорот на Швајцарија во земјва, како и голем број други високи гости.

За период од нешто повеќе од  една година ова ќе биде трет ново откриен споменик во Охрид, откако претходно, на кејот беше  поставен споменик на холандскиот пистаел А. Ден Долард, а на градскиот плоштад споменикот на Св. Климент Охридски – заштитникот на Охрид.

Г. Момироски