Општина Охрид бележи висок процент имунизација, кој изнесува над 98 %. Надлежните информираат дека за некои вакцини покриеноста е и целосна. Има девет вакцини кои се задолжителни и кои децата треба да ги добијат од раѓањето, па до навршување на полнолетство.
Додека со најголемиот број од задолжителните вакцини редовно се вакцинираат децата, за ХПВ вакцината сеуште има одреден отпор кај родителите. Иако тој отпор, како што информираат надлежните, постепено се намалува поради неевидентираните негативни последици кај оние кои ги примиле.
Вакцината за ХПВ е воведена од 2009 година како задолжителна за девојчињата на возраст од 12 до 14 години, досега ја примиле мал број од нив.
Во охридската болница, континуирана имунизација се води од 1960 година. За високиот процент на имунизација, Диспанзерот за вакцини, доби Сребрена плакета од Здружението на охридските лекари на Денот на здравјето, 7 Април.