Според податоците на Центарот за јавно здравје, во Охрид во периодот од 9-ти до 15-ти овој месец евидентирани се само четири случаи на заболени од сезонски грип.

Оттаму информираат дека лицата се на возраст од 15 до 64 години, но сите четири случаи се клинички, а не изолирани.

Од центарот потенцираат дека голема улога за оваа мала бројка има незагаденоста на воздухот и вакцинацијата кај голем број охриѓани против сезонски грип.

O.T.