На конститутивната седница што на иницијатива на општина Охрид се одржа во саботата во Охрид, формиран е Советот за развој кој што го сочинуваат градоначалниците од општините од Југозападниот регион.

Целта на регионалното поврзување на општините Охрид, Струга, Дебар, Кичево, Другово, Зајас, Осломеј, Пласница, Македонски Брод, Дебарца, Центар Жупа и Вранештица е рамномерен  развој кој ќе се овозможи со реализација на заеднички проекти. Регионалното поврзување на тринаесетте општини од југозападниот планински регион   ќе им овозможи и полесен пристап до европските фондови.

На конститутивната седница со која претседаваше градоначалникот на општина Охрид, Александар Петрески,  присуствуваа најголемиот дел од поканетите градоначалници, а отсутен беше градоначалникот на Струга, инаку втора по големина општина во регионот.

Г.М.