Ова организирано туристичко тело, кое е право од ваков вид во Македонија има треба да ја зајакне соработката помеѓу туристичките работници, јавниот и граѓанскиот сектор и да креира заеднички проекти за поорганизирана промоција на туристичкиот пазар.
– Кластерот ќе има за цел Југозападниот регион го претвори во светски привлечна туристичка дестинација со високо квалитетна и интегрирана понуда, заснована врз одржливо искористување на природното и културното наследство, автентичност и традиционална гостопримливост. Ќе започнеме со програма која ќе ги опфати сите 13 општини од овој регион. Значи целта ни е покрај Охрид и Струга како глави туристички центри, туризмот да се прелее и во другите општини кои исто така изобилуваат со туристички потенцијали.-вели Ружди Муфти, извршен координатор на Туристичкиот кластер.
Тој појасни дека кластерот ќе се концентрира на креирање програми за активен одмор на туристите.
-Доаѓањето на гостите во крајезерски градови освен шетањето и пасивниот одмор треба да им понудиме и нова содржина. Ние треба да подготвиме еден нов пристап на развојот на туризмот. Она старото треба да го заборавиме и конечно треба да се приклучиме кон новите трендови во светот на туризмот. Ќе се подрудиме да ги привлечеме туристите со нешто што го нема на друго место, објаснува Муфти.
Тој оечекува дека на туристичкиот кластер ќе се приклучат хотелите, угостителите, производителите на здрава и еколошка храна, производителите на сувенири и туристички здрженија, како и рекреативни и спортски клубови.
Првиот проект кој кластерот ќе го промовира е печатената брошура ,,Активен одмор во југозападна Македонија’’.
-Идејата беше да ги вклучиме сите можни активнисти што можат да се понудат на пазарот за туризам. Самата брошура која ја изработивме ги вклучува сите активности, почнувајќи од планинарење, алпинизм, лов, риболов, нуркање, спелеологија, едрење, велосипедизам и други форми на алтенативен туризам.
Сакаме да оствариме една транспарентност со тур операторите за кои првенствено е наменета оваа брошура, со директите даватели на услуги во регионот.-вели Александар Јованоски, координатор на проектот за Активен одмор.
Тој нагласи дека оваа брошура е првиот организаран начин на заедничко преставување на сите алтернативни форми на туризам од овој регион.
Претствниците на општините од југозападна Македонија го поздравија формирањето на овој кластер, кој според нив ќе придонесе за поголем број на туристи.
-Се радувам што конечно се појавија луѓе кои што видоа малку подалеку од подрачјето на Охридското Езеро, значи видоа нешто повеќе во соседните општини и во алтернетивниот туризам. Нашето поденебје со сите свои убавини, најмногу одговара за еднодневни тури и се надеваме дека во иднина ќе имаме туристи, кои ќе бидат голем бенефит за нашата општина, вели Горан Нестороски, заменик-тим лидер на советот за туристички активности на Општина Другово.
Формирањето на кластерот кој ќе ги опфати општините Вевчани, Вранештица, Дебар, Дебрца, Другово, Зајас, Осломеј, Охрид, Кичево, Македонски Брод, Пласница, Струга и Центар Жупа, е подржано од Програмата за Регионален економски развој на Германското друштво за меѓународна соработка-ГИЗ РЕД.