
-Ова е клучно прашање во нашите општества, кои се во тешка економска ситуација. Освен техничката презентација на францускиот закон и решениата понудени од истиот за спас на претпријатијата во потешкотија, Семинарот ќе се фокусира на искуството на практичарите. Без разлика дали треба да го советува несреќниот претприемач или вработените кои се во опасност, да преговара со доверителите или со јавните власти , адвокатот се појавува во ова поле како бранител на економските интереси на својата земја, велат организаторите.
Обуката ја водат двајца истакнати француски адвокати, експерти за корпоративното право. Роберт Апери, стручњак од Адвокатската комора на Каен, познат експерт за социјалното право, трговско и економско право, и Елоди Ајрал, исто така струшњак од областа на работните односи.
OhridNews











