Вообичаено еден ден пред сите гласаат раселените лица, затворениците како и болните и немоќните лица.

Во Охрид барање да им се овозможи гласање дома поднеле над 250 лица.

Гласачките ливчиња на лицата кои денеска ќе го остварат своето граѓанско право, ќе бидат запечатени во коверти и  ќе бидат уфрлени во гласачките кутии, а овие гласови ќе бидат изброени со останатите гласови по затворањето на избирачките места утре во 19 часот.

Ohridnews