Во организација на невладината организација Интер етник проект Гостивар,а со подршка на министерството за здравство, во недела 28- ми јули, кај градскиот Чинар, од 16 до 1 часот, присутните ќе може да учествуваат  на ХИВ Караванот и Форум театарот, кои претставуваат дел од активностите од проектот “Одржување на ниска преваленца на ХИВ во РМ, одржлив развој, – застапување, комуникација и социјална мобилизација“.

Целта на ХИВ Караванот и Форум театарот  е да се зголеми видливоста и ефикасноста на превентивните програми за ХИВ и туберколоза кои се имплементираат во Охрид.

Во рамки на настанот предвиден е настап на музички изведувачи и театарски претстави.

OhridNews