Како што информираат од локалната самоуправа, во општина Охрид и во понеделник во сите основни и средни училишта ќе се изведува настава со скратени часови. Со каква динамика понатаму ќе се одвива наставата, дополнително ќе се утврдува зависно од временските услови.

Во Струга и струшко, пак најавуваат дека по десетдневниот прекин, наставата од почетокот на идната недела ќе се нормализира. Во над 90% од основните и средни училишта, во оваа општина, од понеделник  ќе се изведува редовна настава, со исклучок на неколку планински села во кои снежните наноси сеуште се обилни, па поради тоа учениците од овие села не се во можност да следат настава.

Одлука за понатамошниот тек на наставата во училиштата во општина Дебрца ќе биде донесена во понеделник, зависно временските услови.  

OhridNews