Во Охрид, Ресен, Дојран, Струга и Гевгелија се укинуваат квотите за лекови на рецепт во аптеките, најави министерот за здравство Венко Филипче.

Министерот појасни дека ваквата одлука следува по проблемите кои се провлекувале години наназад, кога во летниот период, поради поголемиот број туристи, квотите на лекови во туристичките места се надминувале за кратко време, на штета на локалните жители.

Укинувањето на квотите за лекови на рецепти во туристичките места се воведува веднаш, а во останатите градови во земјава од септември.

OhridNews