Во Охрид има 5 згрижувачки семејства. Згрижување во семејство опфаќа основна заштита и 24 часовна грижа за деца и возрасни лица кои немаат свое семејство или немаат услови за живот во сопственото семејство. Интересот за згрижување во Охрид сепак е на пониско ниво велат од Ценатрот за социјални работи во Охрид.
Центарот за социјални работи Охрид во соработка со Министерството за труд и социјална работа организираше континуирани кампањи за анимирање на јавноста за формата „Сместување во згрижувачко семејство“ под мотото „На секое дете му треба семејство“, како за пошироката јавност така и трибини и информативни сесии со представници од институции и училишта во Охрид, со цел дисиминација на јавноста, велат од Центарот.
Постојат одредени критериуми пропишани со закон кој треба да ги исполнува лицето – кандидат за згрижувач и проценката за исполнување или неипослнување на истите ја врши стручен тим од Центарот.
Стручниот тим од Центарот за социјални работи Охрид е во постојан контакт со згрижувачките семејства, врши советодавна работа со згрижувачите и лицата згрижени во нив, дава поддршка и врши психо-социјални интервенции за решавање на конкретни проблеми, додаваат од Центарот.
Од страна на државата згрижувачките семејства добиваат одреден паричен надомест во зависност од бројот и категоријата на згрижени лица.
Инаку, според податоците на Министерството за труд и социјална политика на ниво на државата има околу 300 згрижувачки семејства кои се грижат за 500 деца.
Н.С.Ј













