По повод 1 000 години од смртта на цар Самoил, во понеделник, точно на пладне, на Самoиловата тврдина во Охрид ќе се реализира историски час.
Вработени лица од охридскиот Завод и музеј ќе ги прошетаат децата од охридските основни училишта по тврдина со цел да ги запознаат со историјата.
На настанот ќе присуствуваат продуцентот Дејан Милошевски и режисерот Антонио Митриќески, кои во наредниот период ќе снимаат филм за битката на Беласица.
OhridNews