
На дебатата што ја организира Здружението на новинари на Македонија – ЗНМ со поддршка на „Norwegian Peoples aids“, учество ќе земат новинари, сопственици на медиуми и претставници на граѓанскиот сектор.
Иницијативата за формирање Совет за печат ќе ја образложат прететставници на ЗНМ, а забелешките и сугестиите кои ќе бидат изнесени на дебатата ќе придонесат за подобрување на професионалните стандарди и заштита на новинарите и медиумите.
Дебататa ќе се одржи во малата сала на општина Охрид со почеток во 12 часот.
OhridNews











