Целта на настанот што го организира Туристичката Комора на Македонија со финансиска помош на ЕУ е домашните туристички работници да разменат и споделат искуствата со експертите и своите колеги од Саксонија, Шпанија и Чешка за достигнување на Европските туристички стандарди.
На настанот ќе бидат присутни и претставници од Секторот затуризам при Министерството за Економија, а заклучоците и извештајот од дводневната работилница ќе бидат дел од програмските активности на Туристичката Комора на Македонија за 2012 и 2013 година.