Предлог законот за туристички развојни зони, во второ читање, беше усвоен на 45-та седница на Собранието.
Со законот, меѓу другото, предвидено е да формира национална агенција за туризам која ќе се занимава со проеките од областа на туризмот во цела држава.
Според пратениците од опозицијата, вака како што е предложен, законот го суспендира процеост на децнтрализација, како и законите за градежно земјиште и за урбанистичко планирање, бидејќи на Агенцијата за туризам и се даваат надлежности без согласност на општините на нејзин предлог владата да прогласи туристичка развојна зона и да ја спроведе продажбата. Опозицијата обвини дека со донесување на ваков закон Владата сака да располгага со земјиштето без да ги консултира општините и истото да го нуди на сомнителни инвеститори. Пример за тоа според пратеникот на СДСМ Јани Макрадули е охридската ривиера, каде е најавена голема странска инвестиција во туризмот.
-Зошто на Љубаништа домашен инвеститор треба да плаќа 900 евра за квадрат и данок, а некој од друга континент што сака да пере пари нула денари и да добие атрактивна плажа од 5,4 километри за беспари, праша од говорницата пратеникот Јани Макрадули.
Овој Закон, според владејачкото мнозинство, ќе придонесе за привлекување на странски и домашни инвестиции за развој на туризмот во земјата, ќе ја зголеми конкурентноста на македонските туристички центри и ќе влијае на зголемување на на вработувањето.
-Да му дадеме последна шанса на Охрид да се развие затоа што во централното градско подрачје веќе никој не сака да отвори хотел кој ќе гледа во зграда. За среќа имаме човек кој сака да отвори 8000 работни места колку што СДСМ за 20 години нема отворено во градот, истакна пратеникот од ВМРО ДПМНЕ Александар Николоски.
Со законот се предвидува формирање на 8 туристички развојни зони, од кои дел на Охридското Езеро.