Во центарот за култура „Григор Прличев “ утре од 19 часот ќе се одржи концерт на познатиот хор од Холандија “Utrecht Travel Singers”.

Во рамките на овој културен настан ќе настапи и  машкиот камерен хор при центарот,„Свети Климент Охридски“ кој под диригентство на Билјана Малезанов ќе изведе дела од Динев и Шуплевски,а  дел од програмата ќе пополни и мешаниот хор при оваа културна установа.

Предвиден е и заеднички настап за хоровите со композиции од Стефан Гајдов, Гиусение Верди и Леонард Бернстеин.
Концерот се организира во рамките на македонско-холандската соработка и пријателство. 

Ohridnews