Фондацијата Отворено општество – Македонија (ФООМ), во партнерство со Програмата за право и здравство и Програмата за здравјето на Ромите, Фондација отворено општество, Њујорк, организира меѓународен семинар „Правно застапување за здравствените права на Ромите“, кој се оддржува од денес до 11 јули во Охрид, во хотелот Метропол.
На семинарот ќе учествуваат претставници на граѓански организации од Македонија, Србија и Романија.
Главна цел на средбата е размена на искуствата на организациите од нивната досегашна работа на прашања поврзани со остварувањето на здравствените права на Ромите, што воедно ќе преставува можност за понатамошно јакнење на нивните капацитети за ефективно остварување на правното застапување, како и за зголемена отчетност на институциите при повредата на здравствените права на Ромите и анализа на можностите за надминување на системските пречки за остварување пристап до здравствена заштита за ромската популација.











