Македонската академија на науките и уметностите во соработка со Владата на Република Македонија, Народна банка на Република Македонија и Стопанската комора на Македонија, организираат научна конференција на тема: „Идни предизвици на економскиот развој и економските политики на Република Македонија“.
Конференцијата ќе се одржи на 4 и 5 октомври во Охрид, во хотел Белви со почеток во 9.00 часот. Предвидено е обраќање на Акад. Таки Фити, претседател на МАНУ, Зоран Заев, претседател на Владата на Република Македонија, Кочо Анѓушев, заменик претседател на Владата на Република Македонија, Бранко Азески, претседател на Стопанска комора на Република Македонија, а воведно излагање ќе има акад. Гоце Петрески.
На конференцијата свои излагања ќе имаат и Драган Тевдовски, Трајко Славески, акад. Абдулменаф Беџети и други академици и гости.
OhridNews












