На конференцијата на која учество ќе земат експерти од областа на телекомуникациите и електроинженерството, во наредните два дена ќе се дискутира за легистлативата за регулирање на пазарот на електронски комуникации, за заштита на корисниците на овие услуги, а ќе стане збор и за интернетот како двигател на развојот и современото информирање.
Во рамки на конференцијата, утре, ќе биде потпишан меморандум за соработка за промоција на извозот на софтвер и ИТ услуги, помеѓу МАСИТ – Стопанска Комора за Информатички и Комуникациски Технологии и Агенцијата за странски инвестиции.