Во текот на наредните два дена Охрид ќе биде домаќин на регионалната конференција “Компјутерскиот криминал и анализа на програмите за обука на судиите и јавните обвинители“.

Основна цел на Конференцијата е обука и едукација  на претставници од  правосудството  за  програми за анализа на компјутерскиот  криминал.

На Конференцијата ќе учествуваат претставници од  Хрватска , Србија , Црна Гора ,  Босна и Херцеговина  , Албанија , Косово , Турција и Македонија . Се очекува да присуствуваат и претставници на Директоратот за соработка при Советот на Европа,  како и меѓународни  експерти од оваа област.

Предвидено е пред присутните да се обрати министерот за правда на Република Македониј, Михајло Маневски.

Конференцијата е во организација на Академијата за  судии и јавни обвинители, а се одржува  со финансиска поддршка на Советот на Европа.

OhridNews