Охрид денес и утре ќе биде домаќин на првата Регионална конференција на тема „Интегрална заштита на прекуграничниот регион Преспа за воспоставување на трилатерален УНЕСКО биосферен резерват на Преспанското Езеро“.
Конференцијата е во организација на Министерството за животна средина и просторно планирање на Република Македонија, а со поддршка на KFW банката од Германија преку проектот “Поддршка на Национален парк Галичица”, УНЕСКО и УНДП.












