Културолошките разлики, различната верска припадност се мост на мирот, мост за меѓусебно разбирање и толеранција, а медиумите се главната нитка, спона помеѓу верските заедници, државата, јавните институции и публиката, истакна претседателот на Комисијата за верски прашања, Валентина Божиновска, на Конференцијата за улогата на медиумите во меѓукултурните врски, што во организација на Советот на Европа во рамките на македонското претседавање деновиве се одржува во Охрид.На конференцијата во учествуваа над 150 политичари, експерти, новинари, претставници на верски заедници и религиозни групи од повеќе европски држави.












