Од 17-18 февруари Охрид ќе биде домаќин на првата Регионална конференција на тема „Интегрална заштита на прекуграничниот регион Преспа за воспоставување на трилатерален УНЕСKО биосферен резерват на Преспанското Езеро“.

Конференцијата е во организација на Министерството за животна средина и просторно планирање на  Република Македонија, а со поддршка на kfw- Entwicklungsbank од Сојузна Република Германија преку проектот “Поддршка на Национален парк Галичица”, УНЕСKО и УНДП.

Конференцијата ќе се одржи во хотелот Метропол.

OhridNews