Во текот на минатата година на подрачјето на Општина Охрид евидентирани се вкупно 535 живородени бебиња.
Според извештајот за природно движење на населението кој го објави Државниот завод за статистика, од вкупниот број на родени во текот на минатата година, 281 биле од машки, а 254 од женски пол.
Од вкупниот број на новороденчиња 514 биле родени во брак, а 21 бебе било родено вонбрачно.
Статистичката евиденција покажува дека најголемиот број на мајки кои родиле во текот на минатата година или вкупно 214 биле на возраст од 25 до 29 години. Вкупно 157 родилки биле на возраст од 30-34 години, а 80 мајки за време на породувањето имале од 20 до 24 години. На возраст од над 35 години евидентирана е 51 родилка, додека пак на возраст од 15-19 години биле евидентирани 12 млади мајки.
На подрачјето на општина Дебрца лани се родиле вкупно 39 бебиња, од кои 19 биле од машки, а 20 биле од женски пол.
OhridNews