Во рамките на 10-от дел на Охридските разговори во хотелот „Инекс-Горица“ денес ќе се одржи средба помеѓу министрите за Внатрешни работи на Република Македонија и Сојузната покраина Брандербург- Германија.
Темите на официјалните средби што ќе траат до 21.05.2010 година, се поврзани со тероризмот и терористичката пропаганда, заштита од пожари и катастрофи, безбедност на аеродромите, илегалната имиграција, трговијата со луѓе, криумчарење мигранти, азил и сл.











