
Конференцијата е клучен настан на проектот „Резилиентен мир – глас за младите“ чија цел е да се посвети внимание на улогата на младите во помирувањето и соработката на повеќе нивоа и блиските региони кои моментално се изложени на ризик од конфликт.
На конференцијата ќе учествуваат над 60 млади луѓе од регионот на Западен Балкан (Северна Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Косово).
Воведно обраќање на конференциската сезија што ќе се одржи на 14ти ноември (понеделник), ќе има амбасадорката на САД Н.Е. Анџела Прајс Агелер.
Конференцијата е организирана од Младински сојуз – Крушево, со поддршка од Амбасадата на САД во земјата.
OhridNews











