Највисока снежна покривка од 71 сантиметар утрово е измерена во Маврово. Висината на снежната покривка во Охрид изнесува 15 сантиметри, но според мерењата во овој регион паднало и најмногу дожд.

Снежна покривка има и во Лазарополе 51, Кружево 46, Тетово 17, Дебар 2 сантиметри, каде наврнале и 42 литри дожд на метар квадратен.

OhridNews