Место за паника поради наезда од крлежи во Охрид и околината нема. Како што информираат од Општата болница и дел од матичните лекари, бројот на пријавени случаи поради убоди од крлежи не е поголем од вообичаениот за овој период од годината.
Стручните лица велат дека граѓаните, сепак, треба да се внимателни кога се движат низ парковите и тревите и доколку дојде до убод од крлеж веднаш да отидат на лекар за да не дојде до нестручно вадење на оваа пајаковидна животинка, при што може да дојде до несакани последици.
Крлежите пренесуваат многу опасни заразни болести. Една од нив е Лајмаската болест која на почетокот се манифестира со црвенило на местото на убодот. Граѓаните ги занемаруваат овие знаци сами и нестручно ги вадат крлежите. Со текот на времето, болеста ги напаѓа зглобовите и нервниот систем. Честопати лекарите овие симптоми ги заменуваат со други болести.
Епидемиолозите апелираат граѓаните и болниците да обратат поголемо внимание на крлежите. Особено во период кога сите соседни земји имаат прогласено епидемии на хеморалгична треска.
Имотно-правни проблеми, семејни и бракоразводни проблеми, постапки за изрекување на мерки при вршење на семејно насилство и слично се дел од барањата на граѓаните за добивање на бесплатна правна по...
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, а сите патни правци во државата се проодни, информираат од ЈП „Македонијапат“ Врнежи од снег со променлив интензитет...
Вчеравечер во Белград, Србија се одржа традиционалната „Охридска вечер“, настан посветен на промоција на туристичките потенцијали на Охрид пред претставници на туристичкиот сектор од регионот Особ...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.