Нема забава или малку поголема веселба во Охрид ова лето, а да нема огномет.

Манифестации, концерти, митинзи, свадби, крштевки, родендени, сунети…. ништо без огномет. Го прави кој кај ќе стигне и кога стигне, а многу често во доцните вечерни часови. Само синоќа ги имаше два и двата во населбата Воска, каде во тек е сезоната на свадби под отворено небо. Откако комшиите ќе се изнаслушаат гласна музика, како финале доаѓа огнометот, понекогаш зачинет и со по некој истрел од огнено оружје, за аирлија.

За среќа не се евидентирани инциденти, ако се иземе честото вознемирување на граѓаните и туристите.

OhridNews