Општина Охрид , денеска со низа свечености ќе ја одбележи 20 годишнината од независноста на Република Македонија. Во големата сала на Општина Охрид во 12 часот ќе биде промовирана  книгата „ Св. Јован Владимир“ од Проф. Д- р. Миле Миќуновиќ. За најновата книга на Миќуновиќ ќе зборуваат Проф. Д-р Стојан Ристески и Гоце Жура.

Во 13 часот во Општинското средно училиште , гимназијата „ Св. Климент Охридски“ свеќено ќе бидат пуштени во употреба новоизградените соблекувални во спортската сала, а во 14 часот кај плажата „ Куба Либре“ авторот и донатаорот,  најдолгата скулптура во светот „Јагула“  свечено ќе и ја подарат на Општина Охрид. 

OhridNews