Здружението на новинари на Македонија и Центарот за развој на медиуми организира Работилница за новинари во Охрид, што ќе се одржи во соработка со Регионалниот центар на ЗНМ од Охрид.

Оваа работилница е наменета за подобро информирање на новинарите со изборниот процес, практични информации и водство за нивните права и обврски во изборниот период, како и достапност на легална стручна помош во текот на целиот изборен период.

Изготвен е и печатен материјал, Прирачник за покривање избори и Изборен информатор, на македонски и албански јазик, со цел подобра подготвеност на новинарите во целиот изборен процес.

Работилница ќе се одржи на 25 мај 2011г. (среда) во 17 часот во хотел „Тони“.

OhridNews