Поради неколкуте измени и дополнувања на Законот за јавни набавки во изминатиот период, од кои поголемиот дел влегуваат во сила од 1 мај 2014 година, Бирото за јавни набавки организира низа обуки за  лицата кои работат на подготовка на понудите кај економските оператори.

Обуката во Охрид ќе се одржи утре, 24- ти април, со почеток во 12 часот во салата на општина Охрид.

Предавачи ќе бидат лица вработени во Бирото за јавни набавки. За присуство на обуките не се наплаќа паричен надоместок и не е потребна претходна пријава.

OhridNews